Фантастичниот господин лисец
Белешка за авторот:
Роалд Дал е роден во 1916г во Јужен Велс, Англија од Норвешки родители. Во текот на школувањето, хбои му било чиањето на книги особено аватуристички дела во кои се нагласувало хероизмот и машкоста кои подоцна ке имаат влијаниа врз неговиот личен живот и творештвото. Роалд Дал објавил 40-тина книги за деца и возрасни. Неговите книги се хумористични и фантастични. Меѓу неговите најчитани книги спаѓаат: "Чрли и фабриката за чоколади", "магичниот прст", "Џејсм и џиновската праска", "Дени светскиот шампион", "Вештица", "Матилда" и други
Роалд Дал умрел во 1990 на 74 годишна возраст.
Тема: Приказната за господинот Лисец и неговата снаодливост за опстанок
Идеа: Снаодливост во тешки животни услови и љубовта кон семејството
Ликови: Г-дин Лисец и неговото семејство, Шишко, Мешко, Сучко и Јазовецот
Кратка содржина:
Во книгата се раскажува за итриот, снаодлив, мудар лисец т.н Господин Лисец. Тој живее во подземно дувло во едно дрво со својата жена и четири деца. За да го прехрани своето семјство тој ноќе ги посетув околните три фарми. Тие се во сопственост на тројца богати но лоши и сурови фармери. Тоа се: Шишко- тој е дебел и одгледува илјадници кокошки; Мешко- мал како џуџе со огромен мев, одгледува шатки и гуски; и Сучко- слаб како пенкало, никогаш не јаде и постојано пие вино од јаболка, попаметен е од другите двајца и одгледува илјадници мисирки и овоштарник со јаболка. Уморни од постојаните кражби на Г-дин Лисец, лошите фармери прават план како да го фатат како излегува од неговото дувло, но со своите пушки успеваат да го погодат само неговиот опаш.
Фармерите не се откажуваат од потерата и продолжуваат со копаше со лопатите а потоа и со багери. Но Г-дин Лисец иако загрижен и исплашен не дозволува да биде фатен заедно со неговото семејство и сите многу брзо копаат подлабоко во земјата за да избегаат.
Фармерите се чувсвувале исмеани и измамени, заради нивната упорност и неуспех, па решаваат да го опколат дувлото на Г-дин Лисец и да чекаат се додека гладта не го изгони од таму.
Опкружени од непријателите Г-дин Лисец и неговото семејство почнуваат да гладуваат.
Наеднаш Г-дин Лисец добива идеа како да набави храна. Тој и неговите деца копаат тунел кој ги води до кокошарникот бр.1 на Шишко.Г-дин Лисец убива неколку кокошки и го праќа најстариот син да ги однесе кај неговата мајка. На пат кон следното место г-дин Лисец го среќава својот пријател Јазовецот и го замолува да му се придружи во потрагата за храна. Сите заедно се упатиле кон фармата на Мишко по гуски, шатки, сланина и зеленчук а потоа во винаријата на Сучко. Таму за малку биле фатени од слугинката Мејбел но сепак успеваат да избегаат и пленот да го однесат кај г-ѓица Лиса која припрема гозба за сите нив. На вечерата г-дил лисец ги поканува сите присутни да живеат во тајноста на подземјето безбедни од фармерите и без да гладуваат. Сите со воодушевување ја прифаќаат неговата идеа додека тројцата фармери чекаат пред дувлото на г-дин Лисец.
Comments
Post a Comment