Еднорогиот Елен

Белешка за авторот:

Рифат Кукај(25 Октомври 1938- 11 септември 2005) беше Косовско-Албански писател во Албанската литература за деца и возрасни. Кукај бил роден во Косово. Бил школуван во Дреница и Приштина. Работел како учител во Дреница околу 3 години пред да се пресели да работи за Радио Приштина како уредник за програмите за деца. Од 1975 работел во уредничкиот оддел за Издавнака куќа Рилиндја како уредник  на детската литература. Починал на 67 годишна возраст на 11 септември 2005 година во Албанскиот град Улцињ,Црна Гора.


Ликови:Фатмир, Џери, Кумрија, Мустафа, Љуљета, Миран, Агрон, Буќа, Бардуљ, Дуљ и други


Кратка соджина:

Bo романот "Еднорогиот елен" се раскажува за детството на Фатмир.
   Нпуштен од неговиот татко, неприфатен од неговиот очув, алкохоличар тој го напушта својот дом и мајка си. Во почетокот престојува во подрумот на една зграда-повреден од страна на дружината "Гири" кои го тероризирааат маалото. Набрзо откриен станарка на здрадата бил принуден да го напушти подрумот и другарите што ги запознава од дружината "Џери". Писмено ги  известува другарите од дружината дека моментално живее надвор од градот во една воденица близу реката, во која му помага на воденичарот во работата, а тој му дава јаење и место за спиење. По сето ова другарите решаваат да го посетат и да го убедат да се врати дома. Но обидот не им успева бидејќи, Фатмир си заминал од кај воденичарот бидејќи мислел дека инжинерот Бардуф е неговиот очѕв. 
Сите се враќаат во градот освен кучето Џери кое останува да го бара Фатмир. Откако ќе се сретнат Џери и Фатмир продолжуваат заедно во планната. По долгото пешачење по планината  тие се сместуваат во една колиба во моја остануваат некое време за за хранење се снаоѓаат со рибарење и, ловење дивеч и друго.Додека престојувал во колибата Фатмир се запознал со едно девојче од селото по име Шукра(малечка). Нејзе и ја раскажал причината зашто го напуштил домот. Таа се обидувала да го убеди да се врати дома, но тој не прифаќал. Во меѓувреме, дома кај Фатмир се случуваат многу работи за кои тој не знаел-неговиот очув престанува да пие и бидејќи се чув ствува виновен за заминувањето на Фатмир ,тој започнува да го бара. Мустафа се среќава со Бардуф на кој му ја раскажува својата вин аи грешка. Додека Бардуф и Мустафа се договаарат како да го најдат Фатмир, во слаткарницата влегле и децат од дружината Џери кои што носеле писмо од Фатмир, во кое пишува каде се наоѓа и дека не се враќа дома и дека ќе оди во белиот свет за да научи некој занает. Во тоа време ловџијата ги брка Фатмир и Џери од колибата  и тие заминуваат повисоко во планината  во една пештера која повремено ја користеле овчарите. Во темната и ладната пештера Фатмир се разболува-добива треска и висока температура мора даоди на доктор. Мустафа, Бардуљ и дружината дошле до пештерата и ја прочитале пораката што ја напишал ловџијата на камена плоча, на која пишувало дека Фатмир е во болница во градот. Сите го посетиле болницата, Фамир набрзо оздравел и ја напуштил боницата, среќен и весел се враќа дома, каде го довршува цртежот на кој не го доврши едниот рог на еленот. Потоа добива писмо од татка си каде што тој кажува дека ќе се врати во татковината и засекогаш ќе бидат заедно. Така Фатмир станал најсреќното дете од најтажнато дете.

Comments

  1. ovoj tekst ne e ubavo preraskazan bidejki ne e nisto po red hahaha saim seeee

    ReplyDelete
  2. Ubavo e preraskazan poso e kratok i jasen...

    ReplyDelete

Post a Comment

Popular posts from this blog

Хајди

Фантастичниот господин лисец