Хајди

Белешка за авторот:


Јохана Шпири(1827-1901г) е Швајцарска писателка за деца, родена во едно село во близина на Цирих. Татко и бил лекар."Хајди" е нејзиното прво и најпознато делко. По него има напишано уште петнаесеттина книги за деца.
Делата на Јохана Шпири изобилуваат со искрен и наивен, понекогаш и премногу сентиментален занес по идиличниот живот на децата во шумите и по осаментите села во Швајцарските Алпи.
Хајди е преведнена на голем број светски јазици.

Тема: Животот на девојчето Хајди
Идеа: Животот на децата што живеат на планина и природните убавини на Швајцаријa
Порака: Добрината, соработката и љубовта можат да значат нов почеток, нов животен предизвик.
Ликови: Хајди, Дедото од планината, Клара, Петре, Дета, г-дин Сеземан, Бабата Сеземнан, Баба, Бригита, г-за Потенмаер и др.
Време: XIX(19век)
Место: Швајцарија и Германија

Кратка содржина:

     Во романот "Хајди" се опишуа животот на сиромашното девојче Хајди, која е храбра и чесна а во исто време е опишан животот на сиромашните селани кои живеат во планините. Се опишува секојдневниот живот на Хајди во период кога живее кај својот дедо во планинското село селце. Дедото разочаран од животот во градот и луѓето кои кои го опкружувале се решава да живее во планинското село.
Хајди е ќерка на Аделхида и Тоби, која како мала останува сираче. Откако останува сама таа мора да живее со својата тетка Дета. После 4 години живеење со својата тетка, тетка и се решава да ја одведе Хајди кај нејзиниот Дедо. По долгото пешачење, стигнуваат кај дедото во планинското село. Во тој крај дедото го нарекувале човек-самотник кој ја изгубил вербата во луѓето, но уште при првата средба го засакува девојчето. Хајди уште од почетокот успева да го измени својот дедо. Тој наеднаш се однесува како добар и нежен дедо, ја храни со топло млеко, топлол леб а во исто време и прави удобен кревет од сено.
Така Хајди ги живее детските денови со учење на позитивни навики во куќичата во коај во исто време му помага на дедото во работата.
Хајди се запознава со момчето Петре-козарчето. Со него секојдневно оди низ планините, правејќи му друшво додека тој мора да ги понесе козите на пасење. Во исто време Хајди се запознава со прекрасните предели на планината, бере цреќиња , си игра со Петре,  се радува на селскиот живот, сонцето и чистиот воздух. Таму ги запознава бабата на Петре која е слепа и неговата мајка Бригита. По неколку години тетка и Дета, доаѓа и ја носи во градот Франкфурт, за да и прави друштво на едно неподвижно девојче Клара, а во исто време да учи га пишува и да чита.
Животот во градот е многу различен од животот од селото и планината. Во градот Хајди живееше во куќата на Господин Сеземан. Хајди и беше придружнича и со помош на Клара учи да чита и пишува. Тие две се зближуваат како сестри. Покрај сето тоа таа тагува по планината, бабата,дедото и Петре-козарчето, и по се што остави во планината, и се разболува. По совет на докторот таа се враќа во планинското село.
Подоцна Клара ја носат на планината да ги види и почувствува убавините. Во исто време ги запознави сите пријатели кои ги стекнала Хајди.
При тоа на Клара и се случува вистинско чудо, ги доживува најрадосните моменти во својот детски живот. Продоодува и успева да ги израдува своите најмили и да ги изненади сите. Во исто време радоста ја чувствуваат сите што ја запознале.
Така тешкиот живот на Хајди и на Клара се претвора во безгрижно детство и пријателство.

Comments

Post a Comment

Popular posts from this blog

Еднорогиот Елен

Фантастичниот господин лисец